Руски хакери се обиделе да добијат податоци од преговорите меѓу САД и нивните сојузници за санкциите против Москва, тврди американската новинска агенција Bloomberg .
Хакерите се користеле со од порано непознат дефект во Windows на Microsoft и Flash програмата на Adobe, за да се обидат да добијат информации за дискусијата по повод политиката на санкции. Податоците за Сајбер-нападот биле регистрирани на 13 април од американската компанија FireEye специјализирана за компјутерска заштита.Таа била прекината пред групата да дојде до каква и да е информација. Според податоците на Bloomberg, зад сајбер нападите за спроведувањето на која е потребна висока квалификација, стои група хакери наречена APT28, која е со седиште во Русија
