Русија го освои првото место меѓу земјите од БРИКС од гледна точка на атрактивноста за инвеститорите, разместувајќи ја од оваа позиција Кина, соопшти американската компанија за информатичка финансиски услуги “Блумберг” (Bloomberg) врз основа на анкетирање на експерти.

Ако на почетокот на годината инвеститорите интуитивно го избегнуле пазарот на Русија поради флуктуации во нафтениот пазар и нестабилниот курс на рубљата, тогаш за изминатите 7 месеци ситуацијата се промени, тврди “Блумберг”. Според агенцијата, руските акции како и пред тоа се потценети, но тие можат да донесат значителни приходи, ако економските ризици се намалат.
“Обновата на цената на нафтата од шестгодишниот нејзин минимум, ја зголеми атрактивноста на руските средства” – забележува агенцијата, додавајќи дека во исто време од Кина имало одлив на инвеститори, чии средства се проценуваат на 4 трилиони долари.