Американската новинска агенција Блумберг донесе одлука да ја прекине работата на своите новинари во Русија, потврди денеска главниот уредник на таа информативна куќа Џон Миклтвејт.
„Со големо жалење одлучивме привремено да ја прекинеме нашата работа и известувањето од Русија“, рече тој, додавајќи дека има промени во степенот на слобода на медиумите што ја оневозможило слободната работа и валидно известување, пренесе ТАСС.
На 4 март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за кривична одговорност за ширење лажни информации за руските вооружени сили, беше објавено на веб-страницата на Кремљ.