За 10 години над 76 000 луѓе со состојба од над 1 милион долари се преселиле во други земји Повеќе од 76 000 кинески милионери се иселени од земјата во периодот 2003-2013 година, објави “Блумберг”, повикувајќи се на информации од Knight Frank LLP.
Најмногу од нив за свој дом ја избираат Австралија, каде Кинези се со 90% барања за визи за инвеститори.На второ место меѓу опциите на кинеските богаташи е САД, следена од Велика Британија. Според анализата, Кинезите сакаат да се преселат и да заживеат во развиени западни земји. Само за последната година повеќе од 300 милионери од азиската држава аплицирале во Лондон за британска виза Tier 1, која се доделува при инвестиција на над 2 милиони фунти во земјата.
На второ место се Русите, 160 од кои ја сакаат истата виза, при вкупен број 703 поднесени барања. Бегството на милионери од Истокот не се ограничува само до Кина. Од Индија пример се иселени 44 илјади милионери за истиот 10-годишен период, а од Русија – 14 000 милионери.
