Блумберг: НАТО ќе побара од Европа и Канада зголемување на воените капацитети за 30%

од desk4
81 прегледи

НАТО планира да побара од европските сојузници и Канада да ги зголемат залихите на оружје и опрема за околу 30% во наредните години, објави „Блумберг“.

Во моментов, се разгледуваат нови цели за воените капацитети на членките на Алијансата, кои ќе ги заменат претходните, дефинирани пред руската инвазија на Украина.

Овие цели треба да бидат усвоени до почетокот на јуни, кога министрите за одбрана на НАТО ќе се состанат во Брисел.