Блумберг: НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

од Nikola Popovski
23 прегледи

НАТО, во обид да го зголеми производството на оружје, почна да споделува доверливи проценки со своите одбранбени индустрии членки кои одредуваат какви видови оружје и опрема треба да произведуваат земјите од Алијансата, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори.

Овој потег е дел од напорите на НАТО да го поттикне зголеменото производство на оружје како дел од она што генералниот секретар на Алијансата Марк Руте го нарече „преоѓање кон воениот начин на размислување“, наведува агенцијата.

Како што информирале неименувани извори, НАТО се обидува да им обезбеди на компаниите во секторот за производство на оружје информации за потенцијалните цели со цел да ги убеди да го зголемат производството.

Слични содржини