Блумберг објави нови прогнози: Биткоин оди на 400.000 долари?

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Пред два дена, њујоршката агенција „Блумберг“ го објави својот месечен број „Проспекти на криптовалутите“, во кој се занимава со растот на побарувачката на биткоин.

Според „Биткоин магазин“, извештајот е неверојатно „биков“ (биков пазар во берзанска терминологија е период кога цените главно растат), особено кога се зема во предвид дека е потпишан од реномирана компанија во финансиската и медиумската сфера.

Еве неколку од најзабележителните погледи од извештајот на „Блумберг“.

Според аналитичарите на компанијата од Њујорк, постепеното прифаќање на биткоинот влијае на човековата природа, која има тенденција да го поддржува порастот на криптовалутите, па затоа менаџерите на фондовите не сакаат да го преминат Рубикон и да вложат барем дел од средствата во него, додека цената на биткоинот расте во средина со невидени ниски каматни стапки и зголемени вредности на средства.

Минатата година, рекордно ниските приноси на обврзниците за време на пандемијата играа важна улога во прифаќањето на биткоинот, на што се повеќе и повеќе инвеститори обрнуваат внимание.

„Блумберг“, исто така, укажува на контрастот помеѓу неодамнешното движење на цената на биткоинот во однос на златото, па затоа вели дека во врска со златото, криптовалутата има основа за намалување на нестабилноста – количината на биткоин е ограничена.
„Прифаќањето во мејнстримот и повисоките цени ја зголемуваат длабочината, што ја потиснува нестабилноста и ризикот“, пишува „Блумберг“.

Извештајот постојано ја нагласува супериорноста на биткоинот како монетарно средство во дигиталната економија над златото. Иако изгледите за златото не се „мечкин“ (мечкиниот пазар е синоним за опаѓање на берзата во текот на одреден временски период), податоците за вредноста и цените го наведуваат „Блумберг“ да заклучи дека биткоинот го заменува својот монетарен претходник како попосакувана, несуверена резервна валута во портфолијата на инвеститорите.

„Поговорката дека „парите одат таму каде што им е подобро“ најдобро го опишува она што го гледаме кога компаниите го поддржуваат растот на цената на биткоинот. Ова не мора да значи пад на цената на златото, но повеќето индикатори покажуваат промена на глобалниот бран на пари кон новата дигитална валута како резервно средство“, тврди агенцијата.

„Ставот на Биткоин кон златото е сличен на 2016 година, кога сјајниот метал достигна близу 1.400 долари за унца, а криптовалутата беше лансирана до максимум во 2017 година. Клучната разлика овојпат е дека биткоинот вреди сè повеќе, а е помалку шпекулативен, благодарение на поголемото прифаќање. Најголемиот светски производител на електрични возила со пазарна капитализација („Тесла“), објавувајќи дека ќе диверзифицира дел од средствата во криптовалута, му овозможи на биткоинот да го премине прагот од 40.000 долари“, пишува Блумберг во своето издание.

Посочува дека аналитичките модели покажуваат дека количината на биткоин на берзите се намалува, и покрај биковиот пазар, што е спротивен тренд во однос на пазарот од 2017 година. Во извештајот се наведени проценките на „Блумберг“ дека биткоинот оди по патот сличен на оној од 2013 и 2017 година, а графиконите укажуваат на можна цена од дури 400.000 американски долари.

Во секој случај, движењето на цената на биткоинот низ годините е неверојатен предизвик за инвеститорите во сегашното економско опкружување.

Слични содржини