Блумберг: Пентагон подготвува нов пакет помош за Киев во вредност од две милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Пентагон денеска ќе објави нов пакет оружје за Украина во вредност од повеќе од две милијарди долари, изјавија официјални лица за „Блумберг“.

Средствата доделени во рамките на Иницијативата за безбедносна помош ќе бидат искористени за купување на ракетни фрлачи и ракети „Хок“, како и за два вида напредни ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Воздушната одбрана е главен приоритет за Киев за да се спротивстави на речиси секојдневните руски воздушни и копнени напади со крстосувачки и балистички ракети врз градовите како дел од долгоочекуваната контраофанзива.

Слични содржини