Блумберг: Руската економија тоне, а Путин не престанува да се насмевнува

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Кремљ не дава и копеjка поддршка на националната валута од 2014 година, но е многу радосен од зголемување на девизните резерви на земјата

Русија се наоѓа во најдолгата рецесија за последните две децении и никакви добри вести од економијата во последните месеци не се појавија, но има еден показател кој расте и има најголемо значење за Владимир Путин – девизните резерви се зголемуваat. Ова го пишува “Блумберг” во анализа на економската ситуација во Русија. Според податоците на руската Централна банка девизните резерви на земјата на 19 февруари билe 379 милијарди долари, што е за 29 милијарди повеќе отколку минимумот регистриран во април 2015 година. Тоа се должи пред се на финансиската политика на рускиот претседател. Додека Кина и Саудиска Арабија налеваат милијарди долари за стабилизирање на националните валути, Кремљ забрани интервенциите за поддршка на рубљата. Тоа се случи на крајот на 2014, кога на девизниот пазар Централната банка на Русија влегоа 67 милијарди долари без особен ефект. Оттогаш ниту една копеjка не е доделувана повеќе за стабилизација на рубљата. Тоа зборува за острa, на 180 степени кривина во финансиската политика на Кремљ од 2014 година досега.

Путин очигледно одлучи да ја жртвува рубљата, но да ги задржи девизните резерви, кои се намалија драстично и се доближија до критични нивоа минатата година. Ова сепак доведе до тешки загуби за рубљата. Централната банка секојдневно внимателно го  следи валутниот пазар во земјата и пријавува  за Кремљ дали не се појавува  паника во  расположенијата меѓу руските граѓани по повод оштетената рубља  Засега нема знаци кои обично се појавуваат при таква девалвација, но иднината не е многу јасно. Што ќе се случи во следната една година е тешко да се прогнозира.Одложувањето на руската економија и рецесијата водат до буџетски дефицит, кој се финансира со печатење на рубљи и тоа ја  потхранува инфлацијата. Тоа е добро познато на Владимир Путин и тој внимателно ги следи случувањата. Но девизните резерви за него се најважни и очигледно стремежот ќе биде тие да се зголемуваат.Прашањето е колку обичните луѓе и мали и средни бизниси ќе издржат  со начнатата  рубља