Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека се согласува да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, изјавија извори за „Блумберг“.
Изворите додаваат дека Трамп и Зеленски во телефонски разговор се договориле да работат на понатамошно проширување на прекинот на огнот, при што американскиот претседател нагласил дека разговорот бил „многу добар“ и дека разговорите се „на вистинскиот пат“.
Разговорот на Зеленски и Трамп дојде еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин му ветил на Трамп дека ќе биде подготвен да ги ограничи нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, но не се согласи со целосниот прекин на огнот што го бараа Соединетите држави.
„Голем дел од разговорот се засноваше на вчерашниот повик со претседателот Путин за да се усогласат и Русија и Украина за нивните барања и потреби“, рече Трамп, додавајќи дека повикот траел околу еден час и дека поцелосното соопштение на администрацијата за повикот ќе биде објавено подоцна.