Германска невладина организација: Здружението за заштита на животната средина (НВО) ги тужеше БМВ и Дајмлер бидејќи не ги заостриле доволно контролите за емисија на СО2 и адекватно не се справуваат со климатските промени.
Ова е прв евидентиран случај во кој граѓаните во Германија поднесоа тужба против приватна компанија поради климатските промени, а се укажува дека не е последен.
Така, се очекува „на тапет“ да биде и Фолксваген, кој речиси сигурно нема да избегне тужба. Сите три производители се обврзаа да го електрифицираат асортиманот, а невладината организација тврди дека не направиле доволно, пишува германски „Ханделсблат“.
Веќе на почетокот на годината, сите компании беа информирани дека имаат рок до 20 септември да ги исполнат своите барања за ограничување на производството на возила на мотори со внатрешно согорување до 2030 година и намалување на емисијата на СО2.
БМВ и Дајмлер потврдија дека нема да ги исполнат барањата на невладината организација. Имено, сите три големи германски производители се обврзаа да ја електрифицираат својата линија, а сега се тврди дека не прават доволно за да ги намалат емисиите на СО2.
Потоа, Врховниот суд на Германија одлучи дека Законот за климата не прави доволно за да ги заштити идните генерации и определи буџет за емисии за главните економски сегменти.
Барањето за намалување на емисиите за 65 проценти до 2030 година ја забрза националната стратегија, и ова е првиот чекор во постигнувањето на националната СО2 неутралност до 2045 година.
Само тогаш може да се обезбеди повеќе или помалку подобра состојба за идните генерации, коментираат од НВО.