БМВ: Не работиме на автомобил со Епл

од Vladimir Zorba
109 прегледи
Неодамна, германското авто издание Ауто Мотор Спорт објави гласини според кои Епл работи на автомобил заедно со БМВ. Со официјално соопштение, автомобилскиот производител објави дека тоа не точно, но пропушти да коментира дали Епл развива оперативен систем за ај3.bmw-logo-wallpaper-for-desktop-610x381
Во исто време изданието тврди дека БМВ и Епл работат на длабока интеграција на КарПлеј кој ќе овозможи пристап на оперативниот систем до индикатори како потрошувачката на гориво, брзината и т.н.
Сето ова е во спротивност со гласините според кои Епл работи на сопствен автомобил, кој го очекуваме до 2020 година. Очекуваме повеќе вести за врската помеѓу Епл и автоиндустријата за време на најавата на Епл Воч денес.