BMW i4 eDrive35

од Vladimir Zorba
237 прегледи

BMW ја претстави новата основна верзија на својот електричен модел i4. Тоа е BMW i4 eDrive35, кој носи поприфатлива цена благодарение на помалата батерија и опсегот.

Накратко, i4 eDrive35 има погон на задните тркала, 210 kW/286 КС и 400 Nm вртежен момент, батерија од 70,2 kWh (нето 66 kWh) и автономија од 418 км.

Забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 км/ч) трае 5,8 секунди, додека полнењето до 80% од капацитетот на батеријата на брзиот полнач трае 32 минути.

Што се однесува до цената, eDrive35 чини 52.395 долари во САД, а неговите први испораки се очекуваат на почетокот на следната година.