BMW ќе пуштат 12 електрични автомобили до 2025 година

од desk3
87 прегледи

Утре BMW ќе претстави мистериозен електричен автомобил, најверојатно станува збор за долгоочекуваниот i5, но во форма на некаква концепција, на претходниот сериски модел. Многу поинтересно е дека компанијата го даде ова барање, објавувајќи дека до 2025 година брендот ќе пушти на пазарот 25 “зелени” модели, кои 12 од нив ќе имаат целосно електричен погон.

Во моментов BMW инвестира дополнителни средства во модернизација на своите фабрики, кои во 2020 година треба да почнат да произведуваат автомобили со секаков вид погон, вклучувајќи хибриден и целосно електричен.

Сериската верзија на i5 чиј предвесник треба да го видиме утре на автосалонот во Франкфурт, ќе се појави сепак дури во 2021 година за продажба. Ветувањата се дека таа ќе нуди километражата меѓу 500 и 700 километри со едно полнење. Очекувањата се дека Електромобилот ќе биде опремен со автономен систем за управување од трето ниво. Таква технологија треба да може да го насочува возилото при самостојно маневрирање и претекнување. Во такви ситуации возачот мора да е во подготвен да ја преземе контролата во секој момент.