BMW користи вештачка интелигенција за дизајнерски решенија

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Дизајнерската филозофија на BMW е вечна тема на дискусија. На жешките теми од седиштето на баварската компанија ги пренесуваме и размислувањата на првиот човек на дизајнот на BMW Group, Адријан ван Хујдонк.

Во интервју за Motor1, тој изјавил дека неговата компанија користи вештачка интелигенција кога развива дизајнерски решенија, пренесе „Јутарњи“.

„Како човечко суштество, треба да бидете уметнички директор и да донесувате одлуки. Сè уште го водиме процесот на дизајнирање – не е дека компјутерот може целосно да измисли нешта, но може да комбинира различни параметри во предлог многу побрзо од човекот“ – објаснува Хујдонк.

„Експериментираме со вештачка интелигенција во дизајнот, на пример – како ќе изгледа дизајнот на бандажите. Поставивме неколку параметри: сакаме тркало со пет краци, кое треба да тежи толку и толку, со дадена димензија од да речеме 20 инчи – и тогаш компјутерот почнува да генерира идеи за вас. Некому ќе звучи страшно, а на други ветувачки. Компјутерски генерираните идеи не се нужно лоши, но, се разбира, мора да имате поставени граници од самиот почеток“ – заклучува Хујдонк.

За среќа, BMW нема намера да дозволи вештачката интелигенција целосно да го преземе процесот на дизајнирање.

Слични содржини