BMW M1 AHG Studie од колекцијата на Пол Вокер излегува на аукција

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Исклучителен примерок на BMW M1 AHG Studie, кој некогаш му припаѓаше на актерот Пол Вокер, ќе биде продаден на аукција овој месец.

Врз основа на легендарниот BMW M1, AHG Studie е дело на Питер Гартман, истакнат дилер на BMW во Германија. По завршувањето на серијата Procar во 1982 година, Гартман одлучи да создаде студија инспирирана од тркачки автомобили.

Опционалниот пакет донесе голем број промени во моделот М1. Покрај надворешниот изглед инспириран од серијата Procar, моделите AHG добија нов издувен систем, спојка и адаптивна суспензија за тркачки автомобили и BBS тркала. Исто така, моќноста на прекрасниот M88/1 3,5-литарски линиски шестцилиндричен мотор е зголемена на 350 КС.

За потсетување, стандардниот М1 испорачуваше 277 КС и вртежен момент од 329 Nm, а силата се испраќа до задните тркала преку петстепен мануелен менувач ZF.

И покрај неговиот тркачки дух, AHG има кожни седишта и надграден звучен систем.

Секој клиент можеше да избере уникатен „аутфит“ за автомобилот, а во овој случај првиот сопственик ги избра боите на BMW M. Пакетот има германски TUV сертификат и беше многу скап, што не е изненадување бидејќи беа произведени само 10 примероци.

Автомобилот на фотографиите е произведен во 1979 година и е испорачан на дистрибутер во Германија. Потоа беше увезен во САД каде беше дел од колекцијата на Ед Вивер до 1995 година, а во 2011 година беше купен од истакнатиот колекционер Дон Дејвис. После тоа, стана дел од колекцијата „AE“ на Пол Вокер и Роџер Родас, кои загинаа во сообраќајна несреќа во 2013 година.

Овој автомобил последен пат се смени во февруари 2021 година, кога се продаде за 500.000 долари. Во период од 40 години поминал нешто помалку од 7.000 километри.

Аукциската куќа RM Sotheby’s проценува дека новиот сопственик ќе треба да даде меѓу 450.000 и 550.000 долари на аукцијата закажана за 10 декември.