BMW ќе го награди најуспешниот возач за време на MotoGP квалификациите оваа сезона, а наградата е повторно спортски BMW M модел.
BMW M е долгогодишен партнер на MotoGP, а ова е веќе 20-то издание на BMW M Award. Добитникот на наградата BMW M на крајот од секоја сезона добива автомобил BMW M како награда, а оваа година тоа ќе биде новиот M3 Touring.
Да потсетиме дека минатата година оваа награда ја освои францускиот мотоциклист Фабио Квартараро, кој на подарок доби BMW M5 CS.
Рекордот го држи Марк Маркез, кој седум пати ја освои наградата BMW M.
Што се однесува до конкретното BMW M3 Touring, автомобилот, меѓу другото, има надворешност Frozen Black, црни алуминиумски тркала и Merino/Black кожна внатрешност, како и 3,0-литарски твин-турбо мотор со шест цилиндри со 375 kW/ 510 КС и 650 Nm (во пакетот има и 8-степен автоматски менувач и погон на четири тркала).