Даниел Хомајер од германското издание Carwow носи интересна анализа и уште еднаш го претставува M3 Touring.
Со 510 КС од 3,0-литарски шестцилиндарец, BMW M3 Touring нема причина да биде рационален. Но, ќе згрешите, како што докажува овој тест.
Првиот дел од видеото јасно покажува колку економична може да биде баварската ракета (5,5 литри – домет од 1072 км).
Додека вториот дел покажува како изгледа кога уживате во М потенцијалот на патот.
Бројката оди преку 22 литри, а кога е така, досегот може драстично да опадне, во најекстремното издание – само 250 до 300 километри досег.