Според германски Automobilwoche, BMW е заинтересиран за купување на суперспортскиот оддел на McLaren, додека Audi, кој е дел од Volkswagen групацијата, е повеќе заинтересиран за Формула 1 тимот.
Овој извештај беше објавен вчера, но баварската компанија веќе успеа да ја демантира оваа информација.
Според текстот на Automobilwoche, BMW на почетокот на следниот месец ќе разговара со инвестицискиот фонд Mumtalakat од Бахреин, кој е во сопственост на McLaren.
Портпаролот на баварската компанија накратко изјави дека извештајот на Automobilwoche е „погрешен“.
Од друга страна, челниците на Audi за Ројтерс изјавија дека редовно разгледуваат различни опции за соработка, но не го коментираат конкретниот случај со McLaren.
Британската компанија се обидува да ги среди своите финансии по ударот на пандемијата. McLaren во јули успеа да обезбеди 738 милиони долари со продажба на одредени акции и со помош на инвеститори, а дополнителни 620 милиони долари беа обезбедени со продажба на обврзници.
Минатиот месец, извршниот директор на McLaren, Мајк Флевит, поднесе оставка по осум години на чело на британската компанија.