BMW Neue Klasse со кинески мозок

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Според ексклузивен извештај на кинескиот медиум Tencent, BMW официјално ја избра кинеската технолошка фирма Momenta како партнер за напредни системи за помош на возачот (ADAS) во своите идни електрични возила Neue Klasse.

Одлуката на BMW е иста како и на Mercedes-Benz, кој претходно објави партнерство со истата компанија, според „HAK“.

Првиот модел Neue Klasse iX3 влегува во масовно производство во унгарската фабрика на BMW во втората половина од оваа година.

BMW очекува многу од новите модели Neue Klasse, и се чини дека водечките луѓе на компанијата процениле дека кинеската компанија може да им помогне да го освојат пазарот.

Слични содржини