Германската автомобилска компанија BMW повлече 1,36 милиони автомобили во Кина поради потенцијално неисправни воздушни перничиња од јапонската компанија Takata, објави кинескиот пазарен регулатор.
Повлекувањето, кое стапува на сила веднаш, влијае на моделите произведени помеѓу 2003 и 2017 година – и во Кина и надвор од земјата.
BMW Brilliance Automotive ќе повлече 598.496 автомобили произведени во Кина, а BMW China Automobile Trading ќе повлече 759.448 увезени автомобили, додаде кинескиот регулатор.
Доколку проверката открие проблем, BMW бесплатно ќе го замени предното воздушно перниче на возачот за да ги елиминира безбедносните ризици, пренесува Ројтерс.
Повлекувањето се однесува на автомобилите BMW чии управувачи се модифицирани од сопственици на автомобили и на кои можеби има инсталирано неисправни воздушни перничиња Takata.