Во својот говор, извршниот директор на BMW, Оливер Зипсе, ја истакна важноста на балансиран пристап кон производството на автомобили.
– Кога ќе ја погледнете технологијата што се појавува во бранот на електрични автомобили, мораме да бидеме внимателни, бидејќи во исто време ја зголемувате зависноста од многу мал број земји – рече Зипсе, цитиран од Economic Times.
Шефот на BMW претходно се расправаше против избрзаната забрана за мотори со внатрешно согорување. Тој уште во февруари ги повика германските политичари постепено да ги укинуваат бензинските и дизел мотори, бидејќи раната забрана повеќе ќе ѝ наштети на климата отколку што ќе има корист, потсетува „HAK“.
Зипсе смета дека е клучно да се фокусираат на производството на бензинци, хибриди…, бидејќи сегашната инфраструктура за полнење и високите цени на електричните автомобили го оневозможуваат секој да се префрли на електрични автомобили во блиска иднина.
-Доколку некој не може да купи електричен автомобил, а му треба автомобил, дали попрво ќе му предложите да продолжи да го вози својот стар автомобил засекогаш – реторички праша Зипсе.
Предупредувањето од првиот човек на BMW ја доведува во прашање долгорочната стратегија на автомобилската индустрија. Дали треба да се оди еднострано кон електрични автомобили или треба да се фокусира на поразновиден пристап?
Зипсе верува дека преголемото потпирање на електричните автомобили може да има несакани последици. Тој истакнува дека тоа може да доведе до ситуација Западот да стане зависен од Кина за снабдување со критични суровини. Ова може да има негативни последици и за западната економија и за безбедноста на снабдувањето. Во свет на растечки геополитички тензии, важно е да се обезбеди стабилно и сигурно снабдување со суровини.