BMW со прототип на автомобил кој може да менува бои

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Баварскиот автомобилски гигант BMW претстави прототип на автомобил што ја менува бојата на саемот за електроника во Лас Вегас оваа недела.
Како што пренесува француската новинска агенција АФП, возилото е исто така посебно по тоа што може да проектира информации за возење на внатрешната страна на шофершајбната.

Минатата година на истиот настан компанијата на посетителите на саемот им претстави автомобил кој можеше само да ја смени бојата од бела во црна и сива измеѓу.

Во споредба со неговиот претходник, новото возило, наречено Vision Dee, може да менува цела палета на бои на виножитото, односно во една нијанса или во форма на риги.

Засега тоа е само идеја, која ќе влијае на дизајнот на идните автомобили од германскиот производител. На пример, компанијата планира на клиентите да им понуди информации за брзината и насоката на движење од внатрешноста на шофершајбната од 2025 година.

BMW, исто така, навести можност за проектирање на проширена реалност на шофершајбната. На овој начин, втората би се претворила во екран на кој наизменично би се менувала реалната и виртуелната реалност.

Како што рече извршниот директор на компанијата Оливер Зипсе, тие сакаат да го создадат „најдобриот придружник“ кој на корисникот ќе му понуди лично искуство во возењето.

Баварскиот автомобилски гигант BMW продаде околу 2,4 милиони автомобили минатата година, речиси 100.000 помалку од една година порано, објави компанијата оваа недела. Сепак, продажбата на целосно електрични возила е повеќе од двојно зголемена.

„Многу сме горди што брендот BMW останува број еден во глобалниот премиум сегмент“, објави групацијата. Пред тоа, германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz од Штутгарт беше број еден неколку години.

Слични содржини