BMW XM – првиот хибриден кросовер со „М“ ознака (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Во позадина на јубилејната прослава на 50 години од „М“ дивизијата, деенеска, 28 септември, BMW официјално го претстави „XM“, вториот уникатен модел „М“, по познатиот BMW M1, кој ја виде светлината на денот во 1978 година.

Тоа е првиот електрифициран кросовер со високи перформанси кој доаѓа во ексклузивен и екстравагантен дизајн, со нова интерпретација на изгледот на предниот дел врз основа на луксузни автомобили од гамата на BMW.

Кога станува збор за дизајнот, BMW XM има поделени фарови, златна рамка на предната решетка со осветлување и големи предни доводи за воздух, како и тркала од 21 инчи како стандардна опрема (може да се нарачаат тркала до 23 инчи).

Надворешноста е украсена со неколку елементи кои имаат сличности со легендарниот спортски автомобил БМВ М1 и се карактеризира со широки лајсни на страните, како и со два гравирани знаци на BMW на задното стакло.

На задниот дел на автомобилот има целосно рамно стакло, како и исклучиво дизајнирани издувни цевки.

BMW XM забрзува од 0 до 100 km/h за 4,3 секунди, што е придружено со посебен енергичен звук, кој доаѓа од неговиот спортски издувен систем со две цевки кои за прв пат се поставени една над друга на BMW.

Почетокот на производството на BMW XM е планиран за декември 2022 година во Спартанбург, САД, додека првите примероци ќе стигнат до нивните сопственици во пролетта 2023 година.

Слични содржини