Бојаровски: Левица и ВМРО-ДПМНЕ се двата спротивни пола на една иста магнетна сила којашто е против европскиот пат на земјата

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се двата спротивни пола на една иста магнетна сила којашто е против европскиот пат на земјата и против членството на Северна Македонија во НАТО како најмоќен безбедносен сојуз којшто ја заштити земјата од влијанијата од исток.

Овие влијанија имаа(т) за цел земјата на геостратешкиот крстопат меѓу Европа и Азија да ја претворат во зона на постојана криза за да го раслабнат нејзиниот демократски капацитет и да предизвикаат сомнеж во нејзините стратешки определби.

Вака спакувани овие закани се во суштината на пораката од говорот во Гевгелија каде што Димитар Ковачевски настапи како претседател на СДСМ на граѓанската трибина како дел од нивната кампања „Силно и одлучно кон иднината“, кога рече дека „Апасиев и Левица се најголемата закана за европскиот пат на земјата, а Мицкоски е заложник на Апасиев“.

Кога станува збор за Левица и за Апасиев воопшто не е тешко да се види нивната про-руска и анти-ЕУ и анти-НАТО позиција.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини