Бојаровски: МПЦ-ОА го пречека задоцнетиот руски воз полн со бајки за мали деца

од Vladimir Zorba
409 прегледи

Зошто Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) го прими митрополитот Антониј, свештеник од највисокиот круг архијереи на Руската православна црква (РПЦ), најблизок соработник задолжен за меѓународните односи на патријархот Кирил, кој ја благослови војната во Украина и им вети на војниците што ќе загинат на бојните полиња дека ќе им бидат простени гревовите како да војуваат во некоја света војна, и кој ги велича политиките на Путин затоа што господ го поставил на власт, оној истиот Путин којшто поради војната во Украина, Русија ја вклучи Македонија во списокот на непријателски држави?, пишува во Зоран Бојаровски во својата анализа за „ЦИВИЛ“

Митрополитот Антониј беше во придружба на амбасадорот Баздникин, чиј претходник Шчербак, изјави дека како членка на НАТО Северна Македонија е легитимна цел за напад, што подоцна кога почна војната во Украина, нивниот шеф, министерот за надворешни работи Лавров, на секој јавен настап мантраше дека во Украина Русија е во војна со НАТО.

Апсолутно е невозможно врвот на МПЦ-ОА да не го знае ова со што станува тотално апсурдна нивната постапка да го примат високиот претставник на РПЦ со што птредизвикаа „ризик за националната безбедност и е спротивна на државните и национални интереси на сите граѓани вклучително и на црковните интереси на МПЦ-ОА“ како што оценија релевантни познавачи на безбедносните прашања и на црковните политики.

Во таа насока не треба никој да се сомнева дека Путин ја користи руската црковна дипломатија за да ја оправда војната во Украина. Но, ако Руската православна црква прифати да биде маша на Кремљ за да врши мисија за оправдување на војна на Путин, МПЦ-ОА треба да прифати дека оваа средба е во најмала рака непромислена, иако вистинскиот збор за неа е – скандалозна.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини