Овој начин на „премостување“ на вообичаените чекори за членство во ЕУ се гледа како решение за многу опструкции кои се очигледни кај опозицијата во некои од земјите на регионот, како што е и случајот со Северна Македонија, во којашто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ставаат под сериозен ризик овие процеси на сметка на своите сопствени партиски интереси без да го кренат погледот кон европските, а со тоа и безбедните хоризонти на земјата во актуелната крајно разнишана и ризична воено-безбедносна ситуација заради воената агресија на Русија во Уркаина, вели новинарот Зоран Бојаровски во својата анализа за ЦИВИЛМЕДИА.
Според него, станува очигледно дека ЕУ е во потрага по некое креативно решение за колку што е можно поскоро „вдомување“ на дел од земјите од Западен Балкан кои се понапред во евроинтеграцсикиот процес во европското семејство.
Но, времињата се менуваат и влијаат на стандардите и правилата, колку и да се тие вдлабени во камен, посочува Бојаровски.