Боб Сагет пронајден мртов во хотелска соба

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Боб Сагет, актерот и комичар најпознат како веселиот татко во телевизиската комедија „Полна куќа“, е пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, Флорида на 65-годишна возраст, објавија локалните власти.

Причината за смртта на Сагет е нејасна.

Брза помош го пронашла актерот во соба во „Риц-Карлтон“ во Орландо во неделата попладне и констатирала смрт на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на злоупотреба или употреба на дрога.

Сагет штотуку започна со турнеја како стенд-ап комичар и настапи на Флорида во саботата вечерта. Во својата последна објава на Инстаграм тој се осврна на „убавата публика“ и „многу позитиви“.

– Немав поим дека вечерва работев два часа. Се вратив на комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го пронаоѓам мојот нов глас и го сакам секој момент – напиша тој.

Од 1987 до 1995 година, Сагет го играше таткото вдовец во филмот „Полна куќа“, како и во продолжението од 2016 до 2020 година.

Актерот го водеше и шоуто „Најсмешните домашни видеа на Америка“ од 1989 до 1997 година.