(ВИДЕО) Боби Мојсовски беше првиот натпреварувач кој го отвори суперфиналето на „Икс Фактор“

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Боби Мојсовски, единствениот Македонец кој стигна до суперфиналето на „Икс фактор адриа“, го скрши мразот за натпреварувачите во Комбанк арената вечерва. Тој ја избра песната “Полско цвеќе“ од Тоше Проевски, и не изненади никого со својата точна изведба. Жирито секако му даде прекрасни коментари и му порача дека од почетокот знаеле дека тој заслужува да биде во финалето.
2181756-img-7304

Пред него настапи Жељко Јоксимовиќ кој ја промовираше својата нова песна и ја отвори вечерта за илјадната публика во арената во Белград и пред малите екрани.2181797-x-faktor-arena-finale-17-210615-ras-foto-vesna-lalic

Кој од суперфиналистите: Магдалена, Амел, Најн Контрол, Хајвеј Трио, Ива или нашиот Боби, ќе биде победник, одлучуваат гласовите од публиката.2181811-iri