Едно ситно, но моќно овошје – брусницата, може да го има клучот за зачувување на меморијата и спречување на деменција! Истражувачите од британскиот универзитет во Источна Англија открија дека секојдневното консумирање брусница може да биде клучот за подобрување на меморијата, забавување на развојот на деменција, па дури и намалување на „лошиот“ холестерол, пишува „Б 92“
Студијата следела 60 здрави испитаници во текот на 12 недели, при што половина од нив секојдневно консумирале брусница во прав, додека другата половина добивале плацебо. Резултатите биле изненадувачки – испитаниците кои консумирале брусница покажале значително подобрување на меморијата во секојдневните настани, подобра циркулација на крвта во мозокот, па дури и намалување на нивото на „лошиот“ холестерол.
Д-р Дејвид Ваузур, водач на истражувањето, истакнува дека ова е едно од првите студии кои го истражуваат долгорочното влијание на брусницата врз когнитивните способности и здравјето на мозокот. Резултатите се многу охрабрувачки и можат да послужат како основа за идни истражувања за влијанието на брусницата и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.
Брусницата е позната по својата моќ во борбата против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидансите како што се витамините Ц и Е, како и флавоноидите. Покрај тоа, тие се богати со влакна, кои можат да помогнат во промовирање на здравото варење и одржување на здравјето на уринарниот тракт.