Бобинките, јаболката и бананите, најдобра храна за здравјето на срцето

од Milan1
583 прегледи

За срцето е најдобро да јадете секој ден бобинки, јаболка и банани, тврдат дел од кардиолозите.

– Сепак, секое овошје може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок, атеросклерозата, како и за зацврстување на самите артерии, рекол за „Парада“ кардиологот Дипак Вивек.

Овошјето има различни хранливи вредности и здравствени придобивки, а д-р Вивек и другите кардиолози ги откриваат своите омилени оброци за зајакнување на здравјето на срцето. Вивек рекол дека сака јаболка, бидејќи тие се добар извор на антиоксиданти, влакна, витамин Ц и калиум, а исто така имаат низок гликемиски индекс, така што помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2.

– Мислам дека ми даваат посебна енергија, но и ги спречуваат грчевите во мускулите објаснил д-р Вивек, а пренесува „Њујорк пост“.

– Се покажа дека влакната го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол, два главни показатели за ризикот од срцеви заболувања, рекол д-р Сатјит Бусри.

Омилени грицки му се несолените јаткасти плодови, сувото овошје и бобинките.

– Овошјето како што се боровинки, малини, имаат највисоко ниво на антиоксиданти, кои се одлични за заштита на вашето срце, рекол тој.

Слични содржини