Бочварски: Браната „Отиња“ се гради со силно темпо

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Изградбата на крупните капитални проекти продолжува со несмалено темпо. Реализацијата на сите започнати проекти се одвиваат без прекин и тoa што е важно за нас е да го одржиме градежништвото во полна кондиција како одговор на светската економска криза, истакна министерот Бочварски при денешниот увид во изградбата на брана Отиња во Штип.

Изградбата на браната е одвива со силен интензитет. Во делот на темелот се работи на левиот и десен брег, а паралелно со ова тече изведбата на цевководот кој се поставува врз изготвена бетонска плоча. Цевководот е со пречник 1,7 метри и во должина од 165 метри.

„Задоволен сум од динамиката со која браната се гради. До сега се завршени бетонските работи долж оската на браната и на опточниот цевковод. Вкупната инвестициска вредност за овој голем проект за штипскиот регион изнесува 306 милиони денари. Владата преку Министертсвото за транспорт и врски и понатаму продолжува со поддршката на општините, за што се гледа и на терен од реализацијата на бројните капитални проекти кои се финансираат од државниот буџет“, изјави министерот Бочварски.

Министерот додаде дека годинава се очекува да заврши изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани, како и локалните улици во Штип кои се работат преку Министерството за транспорт и врски преку Проектот за поврзување со локални патишта.

„Улицата Панче Караѓозов е целосно завршена, додека крстосницата Сењак на која се работи интензивно очекуваме да биде завршена овој месец.
За останатите три улици, Солидарност, 5 ти Конгрес и Браќа Даневи очекуваме постапките за избор на изведувач да завршат многи брзо и веднаш да се започне со нивна реконстуркција.“ – истакна министерот Бочварски.

Од месец јули министерот Бочварски најави поставување на нова заштитна ограда на реката Отиња низ градот, проект кој исто така се реализира со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Слични содржини