Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во рамки на Самитот за патишта на Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана, оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската Инвестициска Банка за Република Северна Македонија како и со Матео Ривелини, директор на ЕИБ за Западен Балкан и Турција.
На средбата се разговараше за можноста за финансиска поддршка за изградба на третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија, делницата од Крива Паланка до граничниот премин Дебе Баир.
Министерот Бочварски истакна дека изградбата на пругата на Коридорот 8 е од економско значење за сите земји во регионот и оттука ја потенцираше потребата од финанско заокружување на овој проект.
На средбата се разговараше и за реализацијата на проектот за изградба на водоснабдителни системи што се реализира преку Министерството за транспорт и врски со поддршка од Европска Инвестициска Банка.
Преку овој проект Министерството за транспорт и врски до сега реализираше преку 150 потпроекти за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони системи во општините во Република Северна Македонија за што се инвестирани 40 милиони евра.