Бочварски: Инвестираме 100 милиони евра во патиштата на Истокот, се поврзуваме со соседите

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

„Патиштата во државата ни се врвен приоритет, инфраструктурата генерално. Затоа градиме нови модерни безбедни патишта и правиме реконструкции на старите. Експресниот пат Штип – Радовиш, тоа е целосно нова траса, покрај стариот пат. Очекувањата се дека првата фаза оваа пролет ќе биде завршена, а тоа е сериозно голема делница, втората фаза очекуваме да се заврши следната пролет, а ако можеме и до крајот на оваа година би било уште подобро. Штип – Кочани, исто така има две делници, веќе првата во должина од 14 километри е завршена, а втората, од Крупиште до Кочани, наскоро ќе се заврши. Ранковце до Крива Паналнкна е уште еден пат кој се гради. Сето ова е дел од Коридорот 8, а тоа значи поврзување со соседите, со источниот сосед. Ние инвестираме 100 милиони евра во овие патишта.“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во интервју за вестите на Сител.

Тој зборуваше и за другите проекти за подобрување на патната инфраструктура низ државата.

„Патот Градско- Прилеп е започнат одамна, имаше многу проблеми, но со задоволство најавувам дека, на правата делница, сите проблеми се надминати, работата ја презеде друга компанија и од пролет таму ќе има градежни активности. Тешка траса е ова, но ова е предизвик, и тој пат да добие друга динамика и да имаме побезбеден пат за нашите граѓани.“- дополни Бочварски.

Слични содржини