Бочварски – Митровиќ: Преку размена на искуства до правилна урбнизација на просторот

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари средба со делегација од Црна Гора предводена од министерот за екологија, урбанизам и просторно планирање, Ратко Митровиќ.

На средбата двајцата министри разговараа за теми поврзани со урбанизмот, инфраструктурата, а со посебен интерес се задржаа на процесот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.

Министерот Бочварски го запозна министерот Митровиќ со Законот за урбанизам, како еден од реформските закони со кој се става во ред урбанистичкото планирање.

„Со Законот воспоставивме нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови, што е чекор понапред во решавање на состојбите во урбанизмот.“ – изјави министерот Бочварски.

Исто така, на средбата се отвори и прашањето за дигитализација на процесот на издавање на градежните дозволи што се спроведува во Република Северна Македонија.

Двајцата министри се согласија дека соработката во делот на урбанизмот помеѓу Република Северна Македонија и Црна Гора ќе продолжи и во наредниот период преку размена на искуства и решенија што се применуваат во во двете земји.

Слични содржини