190
Активно работиме на експресниот пат на коридорот 8, Ранковце – Крива Паланка со должина од 25 километри и вредност од 58 милиони евра. Прогресот конкретно на делницата Крива Паланка – Длобочица е над 50 проценти, а продолжуваме да работиме активно во оваа градежна сезона, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Заедно со вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски денска извршија увид во градежните работи на терен каде се сретнаа со изведувачот и надзорниот орган.
„Само на источниот дел на коридорот 8 инвестираме над 80 милиони евра во патната инфраструктура. Нашите транспортни коридори добиваат нови модерни решенија безбедни за граѓаните“, сподели Бочварски.