Бочварски: Нашата визија за модерни и безбедни патишта јасно ја дефиниравме и отстапка од тоа нема

од Vladimir Zorba
365 прегледи

„Развојот и модернизацијата на патната инфраструктура во државата е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Нашата визија за модерни и безбедни патишта јасно ја дефиниравме и отстапка од тоа нема. Во таа насока, активно и максимално сме посветени на реализација на „Националната Транспортна Стратегија 2018-2030” за изградба на модерна патна инфраструктура“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во интервју за „Бриф“ и додаде дека патишта активно се градат низ целата држава.

„Силно сме фокусирани на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Кога сме веќе на Коридор 8 знаете дека ги започнавме подготвителните работи за изградба на околу 110 километри автопат односно четирите патни правци: автопат Тетово – Гостивар; автопат Гостивар – Букојчани; автопат Требениште – Струга – Ќафасан и автопат Прилеп – Битола на Коридор 10 д. На источниот дел на Коридор 8 завршивме со рехабилитација на државниот пат од Куманово до Ранковце. Активно го градиме експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка и го прошируваме со уште една лента патниот правец од Крива Паланка до ГП Деве Баир. Со тоа ќе ја заокружиме оската Исток-Запад на ниво на модерен и безбеден Коридор“, истакна Бочварски, но тоа не е се.

Слични содржини