Останувам посветен максимално да направам се за да се решат сите овие отворени прашања коишто ги имаме во делот на инфраструктурата, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговарајќи на прашањето дали има информации за тоа дали тој ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата.
-За мене најважно е да ги дадам со сите мои капацитети и со сите мои можности и можностите на Министерството и сите институции коишто ги раководи Министерството за транспорт и врски да направиме се во овој нареден период да сработиме што е можно повеќе, со цел да ги завршиме овие многу значајни проекти, пред притоа да паднат температурите и да не може да се работат градежните работи низ државата, така што правиме максимални координации и на терен и заедно со сите институции со цел да ги отклонуваме сите оние прашања коишто се отворен, вели Бочварски.