Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Скопје се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата Визер.
Во своето обраќање, тој потенцираше за успешните политики на Владата на Република Северна Македонија за развој на авиосообрачајот со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа.
„Имаме успешна соработка со Визер, но и со други авиокомпании и сите заедно допринесуваме за развој на цивилното воздухопловство во земјава. Оваа година ќе биде уште една рокордна и за тоа веќе сме на добар пат. Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44 % повеќе во споредба со минатата година или раст од 11 % во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници“, истакна Бочварски.
Во овој момент може да се лета близу 50 дестинации во Европа. Од наесен токму преку финаниската подршка што ја овозможува Владата, Визер ќе воведе уште четири нови дестинации.
„И како резултат на сите овие бројки, можеме да заклучиме дека финансиската поддршка е оправдана и ги дава очекуваните резултати. Наша крајна цел е да ги искористиме сите капацитети што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле со цел да овозможиме квалитетни услуги за патниците. Денешниот настан е чекор напред кон побрз, модерен и ефикасен авиосообраќај во нашата држава. Ќе продолжиме да ги следиме светските трендови и во иднина Владата, ТАВ и авиокомпаниите, заеднички ќе работиме на создавање на уште поповолна клима и развој на авиосообраќајот”, истака министерот Бочварски.