Бочварски: Почнуваме проект од 400 милиони евра за железничката инфраструктура од Коридор 8

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Осумстотини милиони евра годинава се предвидени за капитални инвестиции, а преку 300 милиони се во ресорот транспорт и врски, рече министерот Благој Бочварски за време на годишната конференција „Година на нови можности“.

-Очекувам завршување на патот Кичево-Охрид. Оваа година исто така очекувам да го завршиме гасоводот од Скопје преку Тетово кон Гостивар, но и јавен повик за трета фаза железничко поврзување на Коридор 8 и поврзување на пруга со Бугарија, тука вредноста е преку 400 милиони евра и подготвени сме да влеземе во реализација на овој важен капитален проект, рече Бочварски.

Тој додаде дека оваа година очекува да започнат со изградба многу значајни автопатски делници на Коридорот 8 и 10-Д и тоа, Тетово – Гостивар, од Гостивар преку Стража кон Кичево, автопатската делница Требениште – Струга – Ќафасан и долгогодишниот најавуван нов автопат од Прилеп кон Битола. Тој додаде дека ќе се подобрат условите за патување и ќе се зајакне регионалното поврзување со соседите.

-Воедно, ќе заврши првата фаза од изградбата на патот Скопје-Блаце и подготвени сме за тендер за втората фаза, информира Бочварски.

Бочварски информира дека има повик за нови авиолинии, но и дека се градат социјални станови во Дебар, Бутел, Велес, Пехчево, Кочани…

Слични содржини