426
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес-конференција истакна дека со потпишувањето на договорот за реализирање на проектот „Бас рапид транзит“, на територијата на Град Скопје, ќе се постигне поквалитетен жовот.
„Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето“, истакна Бочварски