147
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во 2022 година имаат поголеми капитални инвестиции од 2014, 2015 и 2016 година. Според него, тие сепак не одат на терен со камери како што тоа го правеле други Влади.
„Ние во 2022 година, а не е завршена годината имаме уште месец и пол, два за да реализираме капитални инвестиции, имаме поголеми капитални инвестиции од 2014, 2015, 2016 година и не одиме со камери“, порача Бочварски.