227
Легендата на српската кошарка Дејан Бодирога ќе остане на чело на Евролигата уште четири години.
Исто така, извршен директор во истиот период ќе биде Паулијус Мотијејунас. Одборот на директори едногласно одлучи повторно да им верува на Бодирога и Мотијејунас.
Тие ја истакнаа посветеноста на Бодирога, кој на оваа функција е од 14 септември 2022 година. Соработката беше продолжена на 15 јуни минатата година.
Под водство на споменатите двајца, Евролигата започна неколку клучни проекти и иницијативи, како што е генерирање поголем интерес за дигиталните платформи и телевизијата.
Поставување рекорди по број на гледачи, водење редовни разговори со актерите за да се дојде до прифатливи решенија, се само дел од работите со кои се пофали Евролигата.