Основачот на Amazon, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе отколку што заработува просечниот човек во текот на животот, покажуваат податоците објавени од глобалниот бизнис магазин Fortune.
Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пренесува порталот Yahoo Finance.
Според податоците од 2023 година, просечниот Американец заработува 1,7 милиони долари во текот на својот работен век, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 13 минути.
Amazon е глобален гигант во онлајн трговијата и припаѓа на групата американски технолошки компании Magnificent Seven кои имаат најголема вредност на берзата.