7
Богатството на руските милијардери се зголеми за 22,6 милијарди долари од почетокот на годината, според индексот на милијардери на Блумберг.
Според податоците, богатството на еден од главните сопственици на компанијата Норилск Никел, Владимир Потанин, се зголеми најмногу, за 3,82 милијарди долари, достигнувајќи 31,7 милијарди долари, така што тој го задржа првото место на ранг-листата на најбогатите Руси, објави РИА Новости.
Индексот се пресметува врз основа на цените на акциите на компаниите во кои милијардерите поседуваат акции.