Актерот Метју Пери, наводно, е при крај со пишувањето на својата автобиографија. Фасцинантниот живот на славниот „Пријател“ сигурно ќе биде интересно четиво за многумина, особено фактот дека тој имаше скоро сè на светот, но поради проблеми со зависноста тој сега нема работа и изгледа се полошо.
„Метју не е идиот. Тој знае дека нецензурираната приказна за сетот на серијата и неговиот проблем со дрогата ќе биде бестселер“, изјави извор близок до Пери за странските медиуми.
Актерот во автобиографијата наводно ќе пишува за своите романси со познати актерки како Џулија Робертс, Кортни Кокс, но и Џенифер Анистон, со која наводно бил во врска некогаш.
Патем, вистина е дека Пери изгледа се полошо секоја година. Многумина се убедени дека тоа се должи на неговата зависност од таблети и алкохол, за кои често зборува јавно.
Сепак, неговиот очув Кит Морисон сега сподели понови информации за неговото здравје. Тој рече дека Метју пред две години бил подложен на огромна операција на стомакот.
„Можевме да поминеме многу време со него во тоа време, што мислам дека беше добро за сите. Страшно е кога луѓето ќе се разболат сериозно, ќе мора да се оперираат и да се грижат дали ќе преживеат или не. Тоа нè поврза уште повеќе. Сите моравме да бидеме таму за да го извлечеме од тоа“, рече очувот на актерот, додавајќи: „Тој е многу талентиран и фокусиран лик. Тој е многу бистар. Тој беше таков како дете “.
Тој исто така коментираше како семејството на актерот го доживеало неговиот успех.
„Успехот на серијата „Пријатели“ го изненади Метју исто како и сите нас. Воопшто не сум изненаден што е избран за таква улога. Улогата на Чендлер точно одговара на неговата посебна смисла за хумор. Дали тие го напишаа тоа знаејќи дека тој е како тој лик или повеќе го прилагоди на себе, не знам. Веројатно е комбинација од двете. Тој е надарена душа и многу паметно и добро момче“, заклучи тој.