Богданоски: Истрагата за заканите со бомби да се фокусира на нарачателите на заканите

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Државата во моментов се соочува со сериозна закана, која пред сè има за цел да ја доведе во прашање довербата на граѓаните во институциите. Лажните дојави за поставени бомби во разни објекти претставуваат не само закани за конкретно посочените објекти во кои навидум е поставена бомба, туку и за националната безбедност, пишува проф. д-р МИТКО БОГДАНОСКИ, Декан на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

Во минатото, најчест начин искористен за дојава за лажна бомба беше телефонски повик, но денес сè повеќе како медиум за пренос се користи електронската пошта, што доколку се искористат можностите кои ги нудат разни провајдери и механизми, овозможува значително поголема анонимност.

Сакам да напоменам дека не сме единствена држава која се соочува со вакви лажни дојави преку електронска пошта, а и тоа дека оваа појава се случува децении наназад. Како жртви на ваква слична злоупотреба на електронската пошта за доставување предупредување за поставена бомба беа и институции во Австралија, Велика Британија, Молдавија, Полска, САД, Србија, Украина, Црна Гора итн. Трендот на вакви дојави преку електронска пошта со различна мотивација во последните години е значително зголемен, а сторителите главно како жртви избираат важни објекти како што се училишта, аеродроми, трговски центри, болници и други клучни објекти.

Во најголем број од случаите, заканите со бомби се лажни, а целта им е да предизвикаат страв, немир, несигурност, недоверба, гнев, манипулација, привлекување на внимание, па и хумор. За разлика од ова, случаите со валидни закани се многу ретки. Во најголем дел од случаите кога поединец или групација/организација ќе се одлучат да постават и активираат бомба нема да дадат информација за тоа.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини