Богдановиќ: И со активен мораториум на градби, успеавме да ги расчистиме сите долгови на општината (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска даде отчет за сработеното во Општина Центар во изминативе две години.

– И со активен мораториум на градби, успеавме да ги расчистиме сите долгови на општината и да ја стабилизиравме сметката. Реконструираме детски игралишта, асфалтираме улици, градинките ни се полни со деца, а го отворивме и едно од најмодерните основни училишта во регионот, именувано во чест на првиот македонски претседател – „Киро Глигоров“, вели Богдановиќ.

Продолжуваме понатаму, вели тој, со засилено темпо, со нови активности, проекти и предизвици, за жителите во Центар да живеат во една модерна, современа и европска општина.