Богоев: Губењето на Град Скопје и на Општина Карпош се два мега капитални проекти ВМРО-ДПМНЕ

од Destan Jonuzi
217 прегледи

Потпретседателот на СДСМ и поранешениот градоначалник на скопската општина Карпош, Стефан Богоев на социјалната мрежа „Фејсбук“ го коментираше вчерашниот саем на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците поддржани од ова партија, кои победија на последните локални избори.

– На панаѓурот на градоначалници на ДПМНЕ два мега капитални проекти ми фатија око: губење на Град Скопје и скопјани и губење на Општина Карпош и карпошани. Навистина, само политички велемајстор, стратег и политички гение како Мицкоски може за неполна година ова да го реализира. Дополнително, се зборува за уште најмалку два други вакви случаи во најава. Ви честитам, навистина крупни и уникатни проекти!, коментирал Богоев.

Под слоганот „Саем на промените што носат иднина“, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ одржа саем по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците поддржани од партијата, кои победија на последните локални избори. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски рече дека градоначалниците реализирале проекти во вредност од 7.458.790.588 денари или близу 120 милиони евра./Д.Ј.

Слични содржини