Богоев: Како нова генерација на политичари треба да испорачаме резултати

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Стефан Богоев, градоначалникот на Карпош, за порталот 24 инфо  вели дека изборната програма е негов основен водич во работата. За себе вели дека младоста и енергијата ги користи за да биде постојано достапен и присутен за граѓаните. Иако Карпош е една од најзадолжените општини во државава на граѓаните им ветува чист воздух. Редовно има приемни денови, организира попладневни маалски средби, а респонзивноста и на сите социјални мрежи е на многу високо ниво. Но сепак има време и за приватен живот за дружба со другари, пријатели…

-На граѓаните им ветувам посветена борба од моја страна и од страна на Општината за справување со аерозагадувањето. Голем број на руинирани, јавни површини етапно ќе ги уредуваме и ќе прераснат во тревници. Работиме и на првото инклузивно детско игралиште на плоштадот „Делфина“. Ќе се реконструира и главната улица во Криви Дол, и во оваа место, кое со години беше заборавено ќе имаме нов детски парк. Интензивно ќе се работи на новиот, Спортско – Адреналински парк долж Вардар, и секако, на обнова на „Партизан“ и негово враќање во функција на спортот. Од оваа перспектива сметам дека сеуште е рано да се каже дали ќе се кандидирам на следните избори. Јас знам дека со сите напори ќе продолжам да работам на реализација на мојата програма. Како нова генерација на политичари треба да испорачаме резултати. – вели Богоев во интервјуто.

Слични содржини